Перика или нејзината коса? – Нови теории за здравјето на Кејт Мидлтон
По завршувањето на превентивната хемотерапија Кејт Мидлтон (42) се врати на кралските обврски.
На принцезата од Велс по операцијата на желудникот на средината на јануари, ѝ беше дијагностициран рак, а на крајот на март годинава објави дека боледува од рак и откри дека прима и превентивна хемотерапија.
Бидејќи палатата не се огласуваше во врска со нејзиното здравје за време на лекувањето или имаше дадено неколку кратки и нејасни изјави, на социјалните мрежи кружеа разни теории на заговор. Гласините згаснаа по нејзиното појавување на Кралскта роденденска парада, позната и како „Trooping the Colour“, со нејзиното семејство во Лондон во средината на јуни.
Коса или перика?
Она што многумина го забекежаа е дека принцезата од Велс сè уште ја има својата долга, густа коса, која често се губи кога некој прима цитостатици. сепак, тоа не е секогаш случај.
Ова покрена нова теорија на заговор на социјалните мрежи, па дури и прашањето дали таа воопшто била на хемотерапија.
Следеа многубројни, различни коментари.
– Верувам дека носи некоја нова перика „од парчиња коса“ која изгледа сосема природно.
– Можеби ѝ направиле перика од косата пред да почне со терапијата, затоа не се гледа разликата.
Објаснување дала Керолин Герети, медицинската сестра која работи во Центарот за лекување на рак во Велика Британија.
– Сè зависи од тоа каков тип на хемотерапија се користи. Само одредени видови на цитостатици предизвикуваат опаѓање на косата бидејќи делуваат на клетките. Во некои случаи, косата само се истенчува, но не паѓа. Сето тоа е привремено, бидејќи дури и ако ви падне косата, таа почнува да расте многу брзо откако ќе заврши хемотерапијата. Бидејќи не се објавени детали од превентивната хемотерапија на која се подложила принцезата од Велс, можно е лековите што ги земала да не се доволно силни за да предизвикаат опаѓање на косата – објаснила таа, а пренесува Story.hr.