Перински: Арсовска 10 месеци брка магла


-Мене ми е навистина жал што граѓаните на градот Скопје навистина се највеќе разочарани, не од моето работење, не од нечие туѓо работење, туку од работењето на градоначалничката Данела Арсовска, а она што уште повеќе ми е жал, тоа е мое мислење самата градоначалничката Арсовска е разочарана од Данела и затоа во изминатиот период бевме сведоци на лиферување на лажни вести во јавноста, посочи Златко Перински во вестите на Канал 5 во 18 часот.
-Многу е симптоматично еден медиум на два дена пред отворање на финансова понуда да каже или лиферува во јавноста некаква сума, една понуда дека е поевтина од другата за некој 20тина милиони евра, мислам дека таква вест беше проследена во саботата, кога почна практично голготата на која сме сведоци во минатите три дена, така да тоа е многу симптоматично, изјави Перински.

Дополнително тој посочи дека градоначалничката Арсовска може да направи какви сака притисоци, да изјави што сака, но дека тој не бил човек што свесно би направил прекршок, само заради задоволување на некој лични хирови и интереси. Тој дополнително укажа на лошата комуникација која градоначалничката ја имала со него изминатиот период.
-Јас кога го добив дописот од страна на градоначалничката постапив согласно правилата и процедурите и веднаш од кога ги добив повторно назад, за тоа соодветно ја известив согласно препораките и прописите кои ги предлага процесот. До ден денес, т.е. до петокот немав ништо повратно од нејзина страна, тука треба да го поставите прашањето до градоначалничката, зошто на мојот допис кој што беше пратен кај неа на 10ти август, градоначалничката чекаше до петокот, до последниот практично работен ден пред отворањето на финансовата понуда да ми прати смс пораки во тој вакум период да немаме никаква комуникација и официјална и неофицијална и на денот на отворањето на финансовата понуда она да се појави во мојата канцеларија во водовод да ме разреши. Тоа се одговори кои што самата Данела Арсовска треба да ги даде, истакна Перински.

Back to top button
Close