Перински за 100-те дена: Над 1 милијарда денари инвестирани во речиси 200 инфраструктурни проекти во сите осум плански региони
Во отчетот за работата на Министерството за локална самоуправа во изминатите сто дена, министерот Златко Перински истакна дека 100-те дена не биле лесни, но се почеток на – Во отчетот за работата на Министерството за локална самоуправа во изминатите сто дена, министерот Златко Перински истакна дека 100-те дена не биле лесни, но се почеток на долгорочен пат и, како што рече, нова ера на инклузивност кон сите граѓани и кон сите општини без селективен пристап.
– Изминативе 100 дена бевме посветени на секој граѓанин и секоја општина, инвестирани се над 1 милијарда денари во речиси 200 различни инфраструктурни проекти во сите осум плански региони низ земјава. Реконструкција и изградба на патишта, адаптација и реконструкција на објекти во енергетско ефикасни згради, реконструкција на објекти од областа на образованието и социјалната и здравствена заштита, подобрување на инфраструктурата на туристичко-излетнички места, се само дел од проектните стратегии кои ги имплементиравме за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, рече Перински на презентацијата на активностите и проектите од неговиот ресор во 100 дена од новата Влада.
Дел од проектите, информираше Перински, се имплементираат преку Бирото за регионален развој, некои во соработка со општините, а има и проекти кое се резултат на партнерските односи на Министерството за локална самоуправа со Швајцарската агенција за обнова и развој, како и со проектните партнери на локалната самоуправа како УНДП, ОБСЕ мисијата и Националниот демократски институт (НДИ).
Важен сегмент од инвестицискиот план, посочи министерот, се и проектите од ИПА-Програмата, во соработка со сите пет соседни земји кои заеднички придонесуваат за развој на пограничните региони.
-Овие 100 дена беа период на интензивна работа, во кој успеавме да ги надминеме наследените предизвици и да разработиме систем кој максимално ги искористува сите капацитети и ресурси за постигнување на нашите зацртани цели. Со максимална посветеност и ангажман, започнавме со реализација на поставените приоритети. Успеавме да детектираме и адресираме многу од пропустите со кои до неодамна се соочуваа општините, што резултираше со подобрување на квалитетот на испорачаните јавни услуги и подобрување на секојдневието на граѓаните, истакна Перински.
Соопшти дека преку Бирото за рамномерен регионален развој во тековната година се реализираат 129 проекти во области како енергетска ефикасност, инфраструктура, заштита на животната средина и развој на туризмот. Во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој, посочи министерот, активно се спроведуваат и 12 дополнителни проекти.
Во својот отчет, тој ги наведе и десетте проекти кои Министерството за локална самоуправа ги имплементира во сите осум плански региони со поддршка на Швајцарската агенција за обнова и развој и Владата на Швајцарија.
-Во периодот што следува, со поддршка на канцеларијата на УНДП ставаме фокус на примената на Законот за локалната самоуправа. Овој исклучително важен и во основа добар закон, веруваме дека има простор уште повеќе да се подобри преку системска анализа на одредени слабости кои ги воочуваме во нашиот систем и преку предлагање на соодветни решенија во согласност со најдобрите европски искуства. Во оваа смисла, со поддршка на УНДП, во периодот што следува ќе се формира група од домашни и од меѓународни експерти која ќе ги истражи најдобрите практики кои треба да овозможат уште поголема функционалност на општините, во интерес на испорачување на поквалитетни услуги на граѓаните. Правиме маскимални напори целата оваа процедура да се заврши до локалните избори, за да може новите општински власти да работат согласно измените и дополнувањата на овој важен фундаментален акт, најави Перински.
Соопшти и дека се работи на ажурирање на општинските бази на податоци на даночни обврзници за поефикасно собирање на средствата од данок на имот и од комунални такси, а се продолжува и со дигитализација на општините.
-Во моментов има 23 општини плус Градот Скопје кои својот систем го имаат поврзано со ЛоГес системот, а планот е во текот на наредната година кон системот да се вклучат уште 29 општини, а во 2026 година уште 28 општини. Доколку ја реализираме оваа динамика, за две години ќе имаме целосно дигитализирани општини во државата, рече министерот.
Актуелен во моментов е јавниот повик до општините за доделување средства за реализација на инфраструктурни проекти со пари од државниот буџет, на кој пристигнале 358 апликативни формулари од 80 општини и до крајот на неделава се очекуваат евалуациските извештаи од шест министерства. Тие ќе бидат разгледани на седница на Владата која ќе донесе одлука кои проекти ќе се финансираат со предвидените 100 милиони евра од државниот буџет наменети за оваа година.
Перински информираше и за „Сподели“ – платформа на која граѓаните можат да му се обратат со проблем, предлог, критика или идеја на мејлот [email protected]
-Преку сите реализирани проекти во овие 100 дена, сакам да покажеме и верувам дека успеавме да ставиме крај на селективниот пристап, односно дека започнуваме нова ера на инклузивност кон сите граѓани и кон сите општини. И скопски Центар, и Чаир, и Куманово, и Гевгелија, но и Струмица и Дебар – за нас сите општини и граѓани се исти, подеднакво важни и се дел од нашата визија за пофункционални општини за подобар и поквалитетен живот за сите, истакна министерот Перински. хс/аа/
Фото: принтскрин
Тагови
Перински локална самоуправа општини проекти
Можно е и ова да ти се допаѓа
СДСМ: 100 дена влада, а ниту еден проект, Пирински се кити со наследени проекти од СДСМ
МКД
СДСМ: 100 дена влада, а ниту еден проект, Пирински се кити со наследени проекти од СДСМ
Борис Кондарко и официјално претседател на ДИК, објавен оглас за избор на двајца нови членови
МКД
Борис Кондарко и официјално претседател на ДИК, објавен оглас за избор на двајца нови членови
Мурал „Книгите – паметници на македонското слово“ во Демир Хисар
МКД
Мурал „Книгите – паметници на македонското слово“ во Демир Хисар
Андоновски: Утврдени се чекорите за справување со нелегалното онлајн коцкање, наскоро ќе бидат претставени и активности што ќе следат
МКД
Андоновски: Утврдени се чекорите за справување со нелегалното онлајн коцкање, наскоро ќе бидат претставени и активности што ќе следат
Тренчевска: 100 дена Влада – платите се намалуваат, се враќа политиката на евтина работна сила
МКД
Тренчевска: 100 дена Влада – платите се намалуваат, се враќа политиката на евтина работна сила
Средба на Ангеловска-Бежоска со Камер: Силниот кредибилитет на Народната банка придонесе за успешно справување со инфлацијата
МКД
Средба на Ангеловска-Бежоска со Камер: Силниот кредибилитет на Народната банка придонесе за успешно справување со инфлацијата
Трипуновски: Се обврзуваме на трансформација и враќање на достоинството на земјоделците
МКД
Трипуновски: Се обврзуваме на трансформација и враќање на достоинството на земјоделците
„Текстилијада 8“ почнува од утре
МКД
„Текстилијада 8“ почнува од утре
Избор на уредникот
Борис Кондарко и официјално претседател на ДИК, објавен оглас за избор на двајца нови членови
МКД
Борис Кондарко и официјално претседател на ДИК, објавен оглас за избор на двајца нови членови
Од Елизабета
12:53, 2 октомври, 2024
МНРиНТ со осуда за иранскиот ракетен напад врз Израел и терористичкиот напад во Тел Авив
МНРиНТ со осуда за иранск…
Од Елизабета
09:46, 2 октомври, 2024
Првите 100 дена на новата Влада за власта успешни, опозицијата со серија критики
Првите 100 дена на новата…
Од Александар
07:09, 2 октомври, 2024
Руте: НАТО ќе се посвети на изградба на побезбеден свет за нашите граѓани (ДПЛ)
Руте: НАТО ќе се посвети…
Од Сашко
14:18, 1 октомври, 2024
Остани поврзан
Youtube
Wiki
За Миа
Импресум
Маркетинг
Јавни набавки
Инфо од јавен карактер
Оглас
Услови на користење
Изјава за приватност
Политика
ISO Политика
Дописници
Оргинални текстови
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Медиумска информативна агенција. Секој упад и злоупотреба на интернет-страницата на МИА е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Северна Македонија. Правен консултант и застапник: адвокат Милена Велјаноска – Стоиловска. Изработено од Кјуб Системи
© 2022 Медиумска информативна агенција