Перу ја прогласи претседателката на Мексико, Шајнбаум за „персона нон грата“

Конгресот на Перу ја прогласи претседателката на Мексико, Клаудија Шајнбаум за „персона нон грата“, неколку дена откако нејзината Влада ги прекина дипломатските односи со Мексико, кое ѝ додели азил на поранешната перуанска премиерка Бетси Чавез.

Чавез беше премиерка за време на мандатот на соборениот и затворен поранешен претседател Педро Кастиљо, а Перу ги прекина дипломатските односи откако таа се засолни во Амбасадата на Мексико во Лима за да побара азил.

 

Владата на Мексико тврди дека азилот е во согласност со меѓународното право, а Перу дека е непријателски чин.

 

Односите помеѓу Перу и Мексико се нарушени од 2022 година, кога Мексико им додели азил на сопругата и децата на Кастиљо по неговото апсење. Кастиљо, кој во тоа време се обиде да го распушти Конгресот, чека пресуда.

Додека Чавез е обвинета за заговор за нејзината наводна улога во обидот за распуштање на Конгресот и се соочува со казна затвор до 25 години. Таа беше во притвор од јуни 2023 до септември 2025 година. Судскиот процес против неа е во тек.

Back to top button
Close