Пешак прегазен пред мостот Гоце Делчев

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска, нешто по 11 часот, во центарот на Скопје. Пешак бил прегазен во близина на пешачкиот премин пред мостот Гоце Делчев, по што починал на самото место.

Во него, според првичните информации, удрило возило БМВ Х5 со кумановска регистрација.

Во моментот, нема детали за прегазеното лице и за возачот.

Полицијата го обезбедува местото, а присутна е и екипа на Итната помош.

Повеќе информации околу несреќата се очекуваат во текот на денот.

фото: Телма

Back to top button
Close