Пешак тешко повреден во сообраќајка во Тетово

Автомобил „Ауди А4“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Т.К. (38) од село Слатино вчера удрило во пешакот К.С. (67) од Тетово, соопшти МВР.

Оттаму информирааат дека собраќајната несреќа се случила вчера во 16:30 часот на булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово.

–  Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила К.С., констатирани во Клиничкиот центар Тетово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово, посочуваат од МВР.

Back to top button
Close