Пешак удрен од автомобил во Тетовско

На 26.12.2025 во 06:45 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово – с.Брвеница, патничко возило „пежо” со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(20) од Тетово, удрило во 35-годишниот пешак Б.С. од с.Брвеница.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, а увид извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Back to top button
Close