Пешевска- Не се плашиме од Венецјанската комисија, но владата требa да го спроведе законот донесен во парламентот

Ние не се плашиме од мислењето на Венецијанска комисија, но сакам да потсетам дека кога Собранието носи закон со мнозинство гласови тоа треба да го спроведува Владата без приговор, порача Жаклина Пешевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, во однос на законот за здруженија и фондации. Според неа министерот за надворешни работи Бујар Османи „се дрзнал“ да го испрати законот пред венецијанската комисија, иако измените во Собранието беа поддржани и од пратениците од власта и од опозицијата.

„Ние се сеќаваме во минатото кога имаше закони кои што има забелешки од Венецијанската комисија за закони кои што ним им одговараа, тие забелешки од Венецијанската комисија во тоа време не им беа важни. Тоа се тие двојни аршини на оваа власт, па ќе правел списоци кои празници ќе сме ги славеле заедно со Бугарија, наместо да одговори на онаа брутална реторика која што ја има Бугарија кон нас“ изјави Пешевска.
Вчера министерот Османи кажа дека не отстапува од намерата пред Венецијанската комисија да се испрати постојниот или целосно нов закон за здруженија и фондации.

„Гледајќи ја атмосферата во Софија, гледајќи што се случува во Советот на Европа и во други институции, сметав дека ќе ни обезбеди одличен аргумент ако го пратиме законот во Венецијанска комисија , добиеме потврда и од таму и ќе кажеме дека имаме експертско меѓународно мислење дека нема ништо спорно и така ќе ги спречиме сите можни кампањи против нас што можат да се случат. Но еве го слушнав министерот за правда вели – да донесеме нов закон. Уште подобро ако донесеме нов закон , тој закон е добро да го пратиме во Венецијанска комисија за да ги имаме аргументите, бидејќи оваа битка ќе продолжи“ рече Османи.

Back to top button
Close