Пешевска: Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е бедем на женската борба и сила во Македонија
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е бедем на женската борба, сила и лидерство во Македонија, истакна претседателката нЖаклина Пешевска, на 20-тата Годишна конференција на Унијата што се одржува денеска под мотото „Жените громогласни за Македонија“ во Градскиот парк во Скопје.
На настанот, кој ја истакнува дведецениската посветеност на Унијата во борбата за правата и застапеноста на жените во политичкиот и општествениот живот, Пешевска нагласи дека истрајноста во борбата за женските права е клучен двигател на општествените и политички промени.
Таа потенцираше дека Унијата, во текот на 2024 година реализирала над 2000 активности, од кои две третини биле од хуманитарен карактер.
-Со гордост можам да кажам дека преку Унијата градиме мостови, соработуваме со организации ширум светот и покажуваме дека македонската жена има што да каже, рече Пешевска.
Во својот говор, Пешевска нагласи дека борбата на Унијата не е само за застапеност во партиските структури, туку и за создавање на праведно општество каде жената не треба да биде почитувана само поради тоа што е жена, туку поради својот труд и работа.
Во тек е обраќање на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.