Песков: Ако има средба Путин-Орбан, Кремљ ќе информира

Кремљ ќе соопшти за евентуален контакт меѓу рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе ТАСС.

– Ќе соопштиме за евентуални контакти, рече Песков како одговор на прашањето во врска со информациите во унгарските медиуми дека Орбан в петок ќе пристигне во Москва на средба со Путин.

Оваа изјава доаѓа откако унгарските медиуми објавија за претстојна средба меѓу двајцата лидери, која не е официјално потврдена, но не е ниту демантирана од унгарската Влада. Доколку се реализира, ова ќе биде четврта средба на Орбан со Путин од почетокот на војната во Украина.

Back to top button
Close