Песков: Ескалираше ситуацијата во Донбас

Ситуацијата во регионот Донбас ескалира, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков и го обвини НАТО за вршење „нескриена информативна агресија против Русија“.

Русија, која ги поддржува сепаратистите во Донбас, но негира дека е страна во конфликтот, ја обвини Украина за ескалацијата, пренесува Фајненшл Тајмс.

Според Песков, гранатирањето „е предмет на многу, многу длабока загриженост“.

– Многу пати предупредувавме дека прекумерната концентрација на вооружените сили на Украина, до линијата на контакт, заедно со можноста за провокации, може да биде многу опасна. И сега гледаме дека овие провокации се случуваат, изјави Песков.

Разгорувањето е последно во конфликтот, кој однесе околу 14.000 животи во отцепените региони Луганск и Доњецк од избувнувањето во 2014 година, откако Русија го анектираше украинскиот полуостров Крим.

– Ситуацијата на линијата на контакт, ескалираше значително во последните неколку часа, се наведува во објавата на веб страницата на сепаратистите, поддржани од Русија, со седиште во Донецк.

Back to top button
Close