Песков: Неопходна е средба Путин – Трамп за меѓународните прашања

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека е неопходна средба на претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, бидејќи е потребна сериозна дискусија за меѓународните прашања, вклучително и украинската криза.

– Таква средба е секако неопходна, пред сè од гледна точка на билатералните руско-американски односи, а и од гледна точка на разговор за сериозна дискусија на највисоко ниво за меѓународните работи и регионалните процеси, вклучително, секако, кризата околу Украина, истакна Песков коментирајќи ја изјавата на Трамп.

Американскиот претседател претходно изјави дека сака да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин што е можно поскоро.

– Време е едноставно да го направиме тоа. Ќе го завршиме, истакна Трамп.

Тој вчера изјави дека значителен напредок во преговорите е малку веројатен сè додека тој и Путин не се сретнат лице в лице.

Во палатата Долмабахче во Истанбул денеска се одржа трилатерален состанок помеѓу делегациите на САД, Украина и Турција, а во тек се првите директни преговори помеѓу руската и украинската делегација. Руската делегација е предводена од помошникот на Путин, Владимир Медински, додека на чело на украинската делегација е министерот за одбрана, Рустем Умеров

Back to top button
Close