Песков: Непримерно е пред самитот Бајден-Путин да се зборува за размена на заробеници

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денеска оцени дека „темата за размена на затвореници е несоодветна пред самитот Путин-Бајден“.

– Во овој момент е сосема е несоодветно да се зборува за затвореници кои би можеле да бидат разменети меѓу САД и Русија, предупреди портпаролот на Кремљ на денешната прес-конференција.

Песков, исто така, потсети дека рускиот претседател еднаш веќе јавно кажа дека е отворен за разговори и на оваа тема, но дека деталите за тоа мора да бидат утврдени во директен разговор со претседателот на САД, Џозеф Бајден, пренесе Си-Ен-Ен.

Прашањето за размена на затвореници е на врвот на агендата на утрешниот самит Путин-Бајден во Женева, а двете страни најавија дека сакаат нивните граѓани да се вратат.

Back to top button
Close