Песков: Путин е подготвен за преговори

Портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков денеска потврди дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да преговара за Украина.

„Претседателот е подготвен за контакти и преговори за прашањето за Украина и разговара за тоа“, рече Песков.

Портпаролот на Кремљ додаде дека Путин досега неколкупати зборувал за можноста за преговори.

„Претседателот навистина неколкупати зборуваше, да не речам речиси постојано, дека е подготвен за разговори и преговори“, рече Песков.

Портпаролот на Путин рече и дека претседателот денеска имал „меѓународен телефонски повик“. Сепак, тој се уште не сакаше да открие со кого и за што разговарал Путин.

Претходно Ројтерс објави, повикувајќи се на пет извори блиски до Кремљ, дека Путин е подготвен да седне на преговарачка маса со Доналд Трамп и да размисли за завршување на војната во Украина, под одредени услови

Back to top button
Close