Песков: Путин не планира средба со Трамп

 Рускиот претседател Владимир Путин не планира патување за Њујорк на седницата на Генералното собрание на ОН и средба со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Во врска со медиумските написи дека таква средба е можна, Песков кажа дека станува збор за „медиумски шпекулации“, пренесе Тасс.

-Нема планови за такво нешто, рече тој.

Британски „Тајмс“ вчера објави дека Трамп сакал да оствари средба со Путин пред претседателските избори во ноември, но не го прецизира изворот на информацијата.

Тајмс наведе дека датум за средбата може да биде 15 септември, кога во Њујорк се оддржува Генералното собрание на Обединетите нации.

Back to top button
Close