Песков: Русија ќе одговори соодветно во случај на прекршување на мајското примирје

Москва ќе одговори соодветно ако Киев продолжи со обидите да ја нападне Русија за време на Денот на примирјето во чест на 80-годишнината од победата во Втората светска војна, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

„Секако, иницијативата на претседателот Владимир Путин за привремен прекин на огнот за време на празникот е актуелна. И соодветните инструкции беа дадени од Врховниот командант. Но, тука сакам да ве потсетам на нашиот став. Огнот ќе престане, но ако режимот во Киев не обезбеди реципроцитет, а обидите за напад врз нашите позиции или нашите објекти продолжат, тогаш веднаш ќе следи соодветен одговор“, рече Песков на прес-конференција.

Тој додаде дека продолжува соработката на Русија со Соединетите Американски Држави во преговорите за мирно решение на украинската криза

Back to top button
Close