Песната посветена на Максим Димитриевски избришана од „Јутјуб“
Песната што неодамна беше снимена во чест на кумановскиот градоначалник и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски, веќе не е достапна на платформата „Јутјуб“.

Видеото, кое за кратко време собра илјадници прегледи и предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, сега е отстрането. При обид да се пристапи до песната, корисниците се пресретнуваат со порака дека содржината повеќе не е достапна.
Засега не се познати официјалните причини за бришењето на песната – дали станува збор за одлука на самите автори, пријава за авторски права или пак кршење на правилата на самата платформа.
Песната беше објавена пред неколку дена, во екот на кампањата за првиот круг од локалните избори. Таа беше дело на група граѓани од ромската заедница во Куманово, кои преку музика сакаа да изразат благодарност до Димитриевски за неговата работа и придонес за нивната заедница (4news.mk)






