Пет деца загинаа во удар на гром во Гвинеја

Пет деца, меѓу кои и 16-годишна бремена девојка, се убиени од гром во западноафриканската земја Гвинеја, соопшти локалната Влада.

Во „силното грмење“ повредени се уште седум лица, се вели во соопштение на Министерството за безбедност и цивилна заштита на земјата.

Жртвите присуствувале на церемонијата на крштевање и биле на возраст меѓу 2 и 17 години, се додава во документот.

Министерството не даде дополнителни детали.

Церемониите за крштевање во Гвинеја често се одвиваат на отворено, под дрвја или на бреговите на езерата.

Back to top button
Close