Пет лица кои не почитувале мерка за изолација, спроведени во државен карантин -ќе се гонат и кривично

Mинистерството за внатрешни работи информира дека во последното деноноќие полицијата евидентирала пет лица што не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. Истите ќе добијат кривични пријави и ќе бидат однесени во државен карантин.

„Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, a евидентирани се пет лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, кои ќе бидат спроведени во државен карантин на сопствен трошока ќе им бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РСМ“, се вели во соопштението на МВР

Од таму додаваат дека во текот на изминатото деноноќие уште на 886 лица им се издадени решенија за изолација, а 152 лица потпишале изјави за самоизолација.

По однос на мерката за неносење лична заштита на лице пак, регистрирани се 544 прекршоци.

Back to top button
Close