Пет лица загинаа во пад на два цивилни хеликоптера во Финска

 

Неколку лица загинаа во Финска откако два цивилни хеликоптера со пет патници се судрија во воздух и се урнаа, соопшти полицијата.

Според плановите на летот, едниот од хеликоптерите превезувал две лица, а другиот три.

„Во несреќата загинаа неколку лица. Точниот број на жртви и идентитетот на патниците сè уште се утврдуваат“, соопшти финската полиција.

Меѓутоа, естонската јавна телевизија ERR, пренесена од ДПА, објави дека се верува дека сите пет патници загинале.

Несреќата се случила напладне во југозападна Финска.

Според истражителите, хеликоптерите патувале од естонскиот главен град Талин до финскиот аеродром.

Истражителите пронајдоа остатоци од два хеликоптера во шумска област северно од Турку.

Причината за несреќата останува нејасна.

Медиумите наведуваат дека патниците биле бизнисмени.

Очевидец интервјуиран од финскиот весник „Илталехти“ изјави дека видел како еден од хеликоптерите маневрира и го удрил другиот хеликоптер.

Back to top button
Close