Пет лица загинаа во сообраќајка на автопатот Марибор – Љубљана
Петмина загинати утрово во сообраќајна несреќа на автопатот во словенечкиот регион Штаерска, сите биле странски државјани, соопшти полициската управа за словенечката новинска агенција СТА.
Според првите информации, возачот на комбето удрил во камион кој стоел во ред поради несоодветна брзина, објавува порталот 24ur.
Според инспекторот за патен сообраќај Јасна Божиќ од ПУ Целје, пет лица загинале, а сите жртви биле патници од комбе во кое, според првичните податоци, имало седум лица.
Полицијата првично пријавила четири мртви и двајца повредени, но подоцна Општата полициска управа потврдила петта жртва.
Неофицијално, се знае дека сите жртви биле странски државјани, веројатно од Русија. Комбето го управувал Украинец.
„Причината за несреќата беше несоодветна брзина. Украински државјанин, возач на комбе, удрил камион што стоел во конвој. Несреќата се случила веднаш пред зоната каде што се изведуваат работите. Полицијата спроведува засилен надзор за време на ваквите запирања, вклучително и контрола од воздух со хеликоптер. Идентитетите на жртвите сè уште се утврдуваат. Во несреќата загинаа пет лица, додека две се пренесени во болница. Една од нив итно ја превезовме на лекување со хеликоптер за да може што поскоро да добие медицинска помош“ рече Божиќ.
Камионот на другиот учесник во несреќата веќе е отстранет.
Комбето сè уште е на пат бидејќи полицијата сè уште ги собира сите потребни информации. На терен има голем број полициски патроли кои спроведуваат истраги