Related Articles
Можеби ќе ве интересира
Close
Пет мажи и една жена во петокот (12 ноември) упаднале во куќа во Скопје, ја демолирале и ги натепале домаќините. Со себе носеле секири, ножеви и рачки од секири.
Против сите шест лица, Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје отвори истрага за кривичното дело насилство.
„Постои основано сомнение дека лицата на возраст од 19 до 42 години, на 12 ноември, влегле во куќата на едно оштетено лице на улицата ’Морава‘ и во група извршиле грубо насилство. Со употреба на секири, ножеви, рачки од секири и други тврди предмети започнале да ја демолираат куќата, а на едно од присутните лица во домот му нанеле убодна рана со нож. Физички ги нападнале и другите присутни во домот, со тупаници, клоци и тврди предмети, нанесувајќи им телесни повреди и предизвикувајќи чувство на несигурност и страв – соопштија од ОЈО Скопје.
Со наредбата за истрага, Обвинителството до судот поднесе и предлог сите шест осомничени да добијат притвор.