Пет нови случаи на Ковид-19 во Пијанечко-Малешевскиот регион

Пет нови случаи на Ковид-19 денеска се регистрирани во Пијанечко-Малешевскиот регион. Во Делчево, како што информираа надлежните од Здравствен дом, новите случаи се резултат на контактите од првично позитивните кои беа регистрирани минатиот четврток.

– Се работи за четири нови активни случаи во Делчево. Истите се од семеен кластер, чиј прв случај се појави минатиот четврток, како и едно лице вработено во јавна институција. Се уште се очекуваат резултати за дел од тестирањата на лицата кои имале контакти со првозаболените. Тие се во добра состојба и им посакуваме побрзо оздравување, истакнаа од Здравствениот дом во Делчево.

Во Берово, како што информираа здравствените надлежни, има еден нов регистриран случај од Ковид-19.

– Со денешниот случај бројот на активни случаи во нашата општина изнесува 7 случаи. Нивната состојба е стабилна, велат надлежните.

За утре, како дел од мерките за спречување на ширење на вирусот, во Берово е закажана средба со угостителите, на која ќе се разговара за начините на нивно делување во насока на спречување на ширење на заразата. За таа цел во наредниот период, додавааа надлежните, засилено ќе се конторолира нивната работа.

Back to top button
Close