Пет новозаразени од Ковид-19 и тројца оздравени во Кичево

– Во Кичево денеска има пет нови лица заразени од Ковид-19 и тројца оздравени, покажуваат податоците од Министерството за здравство. Со ова вкупниот број на заразени во општината достигна 120, од кои 93 се активни, 22 излекувани и пет лица починати.

Како што истакна докторот Џабир Бајрами, член на Општинскиот Кризен штаб во Кичево, петте новозаболени лица се во добра општа здраствена состојба и се лекуваат во домашни услови под контрола на нивните матичени лекари.

-Тие се и во изолација, додека пак денеска ние имаме среќа што тројца успеале да ја добијаат битката со вирусот, рече Бајрами.

Тој упати апел до сите граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.

Back to top button
Close