Пет жени од Конго бел татко и мајка Африканка, ја тужат Белгија за злосторства против човештвото

Пет жени мелески, родени во Конго во времето на белгискиот колонијализам, а кои уште како деца властите ги разделиле од семејствата и ги затворила во католички интернат, сега ја тужат Белгија за злосторства против човештвото, пренесуваат американските медиуми.

Пет жени родени во Конго меѓу 1945 и 1950 година од бел татко и мајка Африканка, во време кога оваа земја била белгиска колонија, уште како мали деца биле разделени од нивните семејства и испратени во католички интернат.

Овие жени, како и неколку илјади други деца родени во мешани бракови, познати како метиси, биле разделени од нивните семејства и израснати во белгиските институции, додека властите во земјата промовирале строга сегрегација на Африканците и белците и систематски се обидувале да го спречат расното мешање.

Тие тврдат дека годините што ги минале во католички интернат оставиле тешки психолошки трауми врз нив, што ги натерало да одлучат да поднесат тужба против белгиската држава за злосторства против човештвото.

Потегот на овие жени доаѓа во време на се поголеми барања Белгија да го преиспита своето колонијално минато, поттикнато од антирасистичките протести што почнаа во САД по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Белгиската Влада минатата година се извини за улогата на државата во одвојувањето на неколку илјади бебиња од нивните мајки, а за првпат во историјата на земјата, кралот вчера изрази жалење за насилството што го извршила оваа поранешна колонијална сила.

Петте жени кои го поднесоа обвинението сега живеат во Белгија и Франција, откако емигрираа од Конго. Секој бара отштета од 50.000 американски долари, истовремено залагајќи се за обештетување на сите деца одземени од нивните мајки и испратени во белгиските институции за време на колонијалниот период.

Девојките се школувале во интернат, а според планот требало да станат монахињи, што било спротивно на нивните желби. Неколку месеци по прогласувањето на независноста, ситуацијата им станала уште потешка, бидејќи и белгиските власти и Католичката црква ги напуштиле. Монахињите и другиот персонал биле евакуирани, по што армијата била испратена да се грижи за девојчињата. Жените кои поднесоа тужба тврдат дека претрпеле траума во овој период затоа што биле малтретирани од војниците, додека тие негирале сексуална злоупотреба.

Back to top button
Close