Петгодишно дете од Велес е повредено во сообраќајка, итно е пренесено на скопските Клиники
Попладнево на улицата кај Младински парк во Велес од возило тешко било повредено петгодишно дете. Како што информираат од службата на Брза помош по укажаната прва помош на детето тие итно го однеле во Ургентниот центар на велешката Општа болница.
Како што информира д-р Ванчо Граматов портпарол на ЈЗУ Општа болница, на детето му биле направени сите неопходни медицински прегледи како и рентген снимања и томографија и биле констатирани тешки повреди на глава
Поради тежината на повредите на главата, со нивно возило детето било итно пренесено на понатамошно лекување на скопските Клиники „Мајка Тереза“.