Петков: Ја добивме нотата која ја баравме две години поради новиот пристап

За оваа нота е разговарано, разговарано, преговарано, и само затоа што направивме нов пристап, тоа го добивме. И тоа не се е само за употребата на краткото и долгото име туку значи дека Северна Македонија нема територијални претензии кон Бугарија. Тука треба да се разбере дека вчера беше огромен успех, изјави денеска бугарскиот премиер во врска со вчерашната посета на С Македонија

 

Вчерашната посета на С Македонија беше многу конструктивна. Ние подадовме рака, први отидовме, а тие ни дадоа нота која ја баравме две години. И тоа не се е само за употребата на краткото и долгото име туку значи дека Северна Македонија нема територијални претензии кон Бугарија, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков, одговарајќи н новнарско прашање по годишното обраќање на претседателт Румен Радев во Собранието.

Тој рече дека ов е направено со конструктивен приод и вчерашната посета ја оцени како голем успех, истакнувајќи дека сепак има уште многу работа.

„Ова е нешто многу нормално да го кажат, но за оваа нота е разговарано, разговарано, преговарано, и само затоа што направивме нов пристап, тоа го добивме. Тука треба да се разбере дека вчера беше огромен успех“,рече Петков.

На прашањето на новинарите дали е разговарано за прашањето со фашизмот, Петков рече дека Историската коисија е една од работните групи која ќе работи на вакви прашања.

„Тие ќе работат на делот од историјата за фашистичкиот режим во цела Европа и како тоа влијаело на територијата на денешна РСМ. Истриската комисија треба да влезе во повеќе детали. Но многу повважно е што се обединивме да имаме транспортна врска Софија-Скопје за 60 дена. Тоа ќе биде направено на најтранспарентен начин“,рече Петков.

Back to top button
Close