Петков ќе го поместува ветото за Европа да ги гарантира желбите на Бугарите

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска изјави дека Бугарија не треба да го крене целосно ветото, но треба да го помести со цел бугарските барања да влезат во преговорите за членство на Македонија во ЕУ и на тој начин цела Европа да ги гарантира условите поставени од Софија.

-Ние треба да ги качиме на возот за Европа, но критериумите кои што тие треба да ги исполнат да се јасно поставени од нас. Даваме пат на Република Северна Македонија кон Европа, но тој пат е послан со барања и задолженија, јасно определени во преговарачката рамка и на тој начин користиме цела Европа да го гарантира напредокот кој што ние го сакаме како Бугари, рече Петков.

Тој вели дека не може да се очекува сите барања на Бугарија да бидат исполнети сега, пред почетокот на преговорите.

-Најглупавото нешто што можеме сега да го направиме е против бугарскиот интерес и ќе се сопнеме. Да бараме сè што сме сакале да се случи, да се случи пред подигнување на ветото. Тогаш националистите ќе ја преземат власта таму и тогаш шансите ни се нула. Сега имаме нормална влада таму и тaa е подготвенa да ги преземе ангажманите со европски договор, смета Петков.

Back to top button
Close