Петков го „исече“ од фотографија Ковачевски од средбата со Блинкен

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков денеска објави неколку фотографиии од неговите средби на маргините на Минхенската безбедносна конференција. Меѓу фотографиите беше и онаа од средбата со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Ентони Блинкен, на која учествуваше и македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

Но, фотографијата која ја сподели Петков беше скратена, односно од неа беше „исечен“ македонскиот премиер,

На ова реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од каде велат дека новите ветришта на пријателство кое владата ги најавуваше го оддуваа Ковачевски од фотографијата сo Петков.

-Со оглед на карактерот на оваа важна средба за двете држави, како и со оглед на најавите на СДСМ за новите ветришта во односите со соседна Бугарија, ваквиот потег на премиерот Петков во однос на македонскиот премиер, не претставува само акт на понижување на лицето Димитар Ковачевски, што не е наш проблем, туку директно девалвирање на нашата држава за што сме принудени да реагираме, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Back to top button
Close