Петков го осуди руското признавање на сепаратистичките региони Доњецк и Луганск

Бугарскиот премиер Кирил Петков вечерва на својот профил на Твитер експресно ја осуди одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ги признае Доњецк и Луганск како независни ентитети.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков напиша дека Бугарија продолжува да го поддржува територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.

„Мора да се почитува меѓународното право“, напиша бугарскиот премиер и додаде дека Европската Унија ќе одговори обединето во својата одбрана. нк/

Back to top button
Close