Петков: Го поздравувам откривањето на пироманот, благодарност до македонските власти

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков, пред малку се огласи во врска со пронаоѓање на сторителот кој го запали клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола.

„Го поздравувам откривањето на сторителот на палењето на културниот центар на македонските Бугари во Битола. Им благодарам на властите во Република Северна Македонија и на премиерот Димитар Ковачевски за нивните ефективни постапки, кои што поскоро го фатија пироманот. Дефинитивно нема да подлегнеме на провокации насочени кон саботирање на односите со нашите соседи“, изјави Петков.

Back to top button
Close