Петков објави фотографија со Ковачевски: Граѓаните на двете држави можат да уживаат взаемна почит и просперитет

Бугарскиот премиер Кирил Петров објавувајќи фотографија со македонскиот колега, Димитар Ковачевски вели дека граѓаните на Македонија и Бугарија можат да уживаат взаемна почит, почитување на нивните права и просперитет.

Двете земји активно придонесуваат за развојот на заедничките претпријатија кои создаваат огромна додадена вредност заедно, имаат растечки економии, имаат заеднички детски кампови, имаат заеднички концерти, имаат заеднички образовни програми, немаат граница помеѓу нашите две земји, немаат дискриминација, немаат говор на омраза, градат автопати, имаат модерни возни линии, напиша Петков на Фејсбук.

Вели дека за многумина овие идеи звучат како сон, други организираат секакви провокации за тоа да не се случи, а некои едноставно сакаат дестабилизација на Балканот.

-Димитар и јас веруваме дека ова е можно, и нема да се покориме на провокации, туку ќе работиме намерно и заедно за да го постигнеме тоа.   И на сите злонамерни страни, можам само да кажам: „Нема да нѐ сопреш“, напиша Петков на Фејсбук.

 

 

Статусот доаѓа по бурните реакции во јавноста откако Ковачевски беше едноставно избришан од заедничката фотографија со Блинкен. Двајцата политичари ја објавија истата слика, но кај Петков недостасуваше македонскиот премиер.

 

 

Ковачевски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека владината прес-служба веќе се огласила дека се работи за ненамерен пропуст.

-Јас, премиерот Петков и нашите делегации имавме навистина одлична комуникација во рамки на Минхенската безбедносна конференција. Сакам да верувам дека одговорот којшто е даден од прес-службата на бугарската Влада е тој којшто е вистинскиот и дека ќе продолжиме со успешната комуникација и во иднина, рече Ковачевски.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека исфрлувањето на Ковачевски од фотографијата на профилот на Петков е силно понижување. Според ВМРО-ДПМНЕ, таквиот чин е директно спротивен на тврдењата на Ковачевски дека дувале нови ветришта на пријателство кое го оддувало од фотографијата со Петков.

Дома се прават пријатели, а пред Светот Ковачевски ме го редат ниту на фотографија. Затоа се должни да одговорат што стои позади ваквото понижување и ваквиот деградирачки однос кон премиерот на Македонија? Вака ли продолжува дијалогот со Бугарија преку понижување на едната страна од учесниците во процесот? И ова ли ќе го премолчи Ковачевски?, се наведува во реакцијата.

Back to top button
Close