Петков очекува Северна Македонија наскоро да има амбасадор во Бугарија

Бугарскиот премиер Кирил Петков очекува наскоро Северна Македонија да има амбасадор во Бугарија. Тој го изјави тоа за бугарските новинари кои известуваат за посетата на бугарската делегација на Скопје, откако имаше средба со претседателот на државата Стево Пендаровски.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков појасни дека се надева тоа да се случи во следните 60 дена.

Пендаровски му порачал на Петков дека штом ќе добие предлог за иден амбасадор на Северна Македонија во Бугарија, нема да го одложи испраќањето.

Петков рече дека профилот на идниот амбасадор на Северна Македонија ќе биде бизнис-ориентиран и прагматичен.

Back to top button
Close