Петков откри детали од преговорите: Прво Бугарите во македонскиот Устав


Премиерот на Бугарија во интервју за БТВ денеска за првпат во јавноста објави детали од разговорите кои се водат меѓу Македонија и Бугарија за кревање на ветото.

„Во моментов е само на ниво на предлог, не знам до каде ќе стигне. Тоа е европските партнери да се согласат дека првата меѓувладина конференција за РСМ во ЕУ ќе се случи по промената на Уставот. Ова е на ниво на преговори, но низ дискусија стигнато е до ова решение“, рече бугарскиот премиер во интервјуто, емитувано попладнево.

Петков повтори дека каков било договор и да биде постигнат со Македонија, тој ќе помине низ бугарското Собрание.

„Бугарите да бидат вметнати во Уставот пред првата меѓувладина конференција, а за тоа да гарантира Европа“, додаде тој.
0

Back to top button
Close