Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи

Најважно за двете Влади е да имаат конструктивен дијалог и тој да продолжи, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков по средбата со премиерот Димитар Ковачевски во Рим за медиумите, пренесе бугарската телевизија Нова.

Петков повика на „да не се подлегнува на провокациите од различни групи кои се обидуваат да ги ескалираат тензиите“ и рече дека Бугарија и Северна Македонија можат да го продолжат правецот на добрососедство само „преку конструктивен дијалог“.

Петков рече и дека двете земји не поставиле рокови, туку меѓусебно си ветиле дека ќе продолжат со „добриот тон“ и уште еднаш го повика претседателот Румен Радев да го свика Советот за национална безбедност и таму да се разговара во однос на спорот со Северна Македонија.

„Не се обврзавме на никакви рокови, единствено што се обврзавме е да го задржиме добриот тон, министерствата за надворешни работи да продолжат да работат. Си ветивме дека ќе се зачува конструктивниот тон -порача Петков.

На средбата присуствуваа и министрите за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска и на Северна Македонија Бујар Османи.

Back to top button
Close