Петков: Преговорите со БСП за нова влада продолжуваат – Нинова условува со друг кандидат за премиер
Не треба сега, во корист на некои, да се фокусираме на овие дипломати, туку да размислуваме што се случува со цените, со планот за закрепнување и одржливост, стабилноста на Бугарија како што ја гледаат однадвор, што се случува со анти- корупциски закони…, изјави денеска бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков, откако претседателката на БСП која е коалициски партнер, Корнелија Нинова вчера изјави дека нејзината партија ги прекинува разговорите со „Продолжуваме со промените“ за нова влада, поради протерувањето на 70 руски дипломати.

„Одлуката за дипломатите ја донесоа многу институции. Со ова ги уверивме нашите партнери дека ова не е одлука на еден човек. Во Бугарија останаа 43 вработени во руската амбасада – малку земји во Европа имаат толку руски вработени. Дијалогот со БСП продолжува бидејќи ризиците за државата се поголеми од тоа кои институции колку време ја донеле одлуката за дипломатите , додаде Петков, по средбата со Нинова денеска.
Тој додаде дека деталите беа неопходни за да не се разбере погрешно тој аргумент дека тој – речиси сам – ја донел оваа одлука.
Корнелија Нинова по средбата категорично изјави дека преговорите со „Продолжуваме со промената“ нема да продолжат.
„Петков ја запозна целата пратеничка група на БСП со целиот процес на донесување на одлуката за протерување на руските дипломати – кога почнало, во кои формати, кој учествувал и кој бил информиран. Ова не го менува нашиот став од вчера. Ќе се вратиме на преговарачка маса кога ‘Продолжуваме со промената’ ќе предложи друг кандидат за премиер. Петков рече дека денеска УО на ПП ќе заседава и ќе го реши ова прашање. Ние не се мешаме во работата на другите партии. Неговата кандидатура за премиер е едноставно неприфатлива. Одлуката не беше изгласана во Советот на министри, па рековме дека е единствена. Што е факт“ категорична беше Нинова.
Нинова вчера изјави дека БСП ги прекинува сите преговори со „Продолжуваме со промената“ за формирање влада, додавајќи дека мотивот за протерување на 70 дипломати од Русија е без преседан и значи прекин на дипломатските односи.
„Ние од БСП за Бугарија категорично констатираме дека ваква одлука не е разговарано и донесена во владата. БСП долги години се бори за владеење на правото. Сакаме затворена седница на Народното собрание и сослушување на првиот човек на безбедносната служба (САНС) за извештајот што досега го подготвил и доставил, можеби само до Кирил Петков, а претседателот Радев итно да свика состанок, изјави лидерката на БСП, додавајќи дека е алармантна неговата утринска изјава, и дека ако Радев не знае дека има дојава на САНС, тогаш нешто не е во ред во државата.

„САНС мора да испрати такви извештаи, доколку ги има, до премиерот, претседателот и претседателот на Националното собрание. Шефот на САНС го поставува претседателот, тој не може да не знае дали има таков извештај на САНС. Извештајот е за шпионажа која се однесува на националната безбедност , додаде Нинова.
Петков вчера пред затворената седница во парламентот на која беше сослушан за протерувањето на 70 руски дипломати,одговори дека одлуката не е негова и дека има меѓуресорски извештај од МНР и има одлука на Советот за безбедност на која присуствувале министрите за внатрешни работи, одбрана, надворешни работи, заменик министерот за финансии, министерот за е-влада, шефот на одбраната, Генералниот секретар на МВР, САНС, претседателот на ДАР, директор на Военото разузнавање, шефот на Националната служба за безбедност, секретарот на Советот за безбедност и претставник на претседателската институција, од 9 јуни 2022 година.

Тој додаде дека одлуката се базира на три извештаи од САНС како институции во Бугарија одговорни за безбедноста и од МНР.
„Беше недоразбирање како се случи ова, но овие извештаи датираат од мај, јуни, имаме посебни информации во март – рече Петков вчера.
Бугарскиот претседател Румен Радев пак, вчера пред самитот на лидерите на НАТО во Мадрид го коментираше протерувањето на руските дипломати од Бугарија.
„Не можам да разговарам за ова прашање бидејќи ги немам потребните информации. Се надевам дека премиерот во оставка Кирил Петков има издржани и веродостојни информации за оваа одлука и добро ја разгледа и по обем и по последици – рече тој.