Петков се брани: Не сум потпишал документ за Македонија

Секогаш сме се придржувале до коалицискиот договор и постојната рамковна позиција за Република Северна Македонија. Не сум потпишал документ од бугарска страна, порача за бугарската јавност денес премиерот Кирил Петков, пред најавената утрешна посета на Македонија.

Ќе ја покажам силната задача на бугарската влада да ја поддржи бугарската заедница во Македонија. Верувам дека во моментов и владата на РСМ е свесна за тоа каков голем приоритет е ова за Бугарија и за нас. Заеднички работиме на подигање на приоритетот на овие луѓе во македонското општество“, нагласи Петков.

o

Според него, фаактот што утре ќе бидат толку многу луѓе од толку различни партии во Македонија покажува поддршка за бугарската заедница.

„Во исто време се надевам дека она што сите го кажавме, дека РСМ треба да биде дел од Европа, дека и од двете страни ќе се движиме позитивно во таа насока“, рече Петков.

Петков, заедно со потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, утре ќе ја престојуваат во  Битола, во организација на бугарската амбасада во земјава. Јотова на покана на Културниот центар „Иван Михајлов“ ќе го отвори новиот клуб на ова здружение во Битола, а на 17 април, таа ќе биде во посета на Охрид, каде што ќе го посети Дневниот центар за деца со аутизам. Проектот е финансиран од бугарската влада како дел од програмата на бугарското Министерство за надворешни работи „Бугарска помош за развој“. Во делегацијата според најавите ќе бидат и најревносните провокатори Екатерина Захариева и Красимир Каракачанов.

Дали заради ваквиот состав или приватниот карактер на посетата, никој од институциите сѐ уште не најавува кој ќе се сретне официјално со Петков и на кој настан. Очекувањата се дека до средба ќе дојде најверојатно на пуштањето на новиот далекувод од Битола до Елбасан, на кое ќе присуствува Петков  бидејќи го смета за дел од Коридорот 8.

Вчера министерот Бујар Османи објави дека се чека одговор од Бугарија на документ што најверојатно го предложила Македонија, порачувајќи им на бугарските функционери дека добрососедството има цена, односно дека треба да покажат лидерство и ако треба да пливаат „спротивно на реката“. Тој исто така потврди дека Договорот со Бугарија што постои сега е асиметричен и дека додека Софија вака јавно ги поддржува и финансира четирите илјади Бугари во Македонија, па бара и специјални права за нив без да го прочита Уставот, на македонската држава ѝ е забранета било каква поддршка за Македонците во Бугарија. Тие пак на 17 април ќе го чествуваат Јане Сандански и ги канат сите што се чувствуваат Македонци или што го почитуваат делото на Сандански да дојдат во Роженскиот манастир кај Мелник

 

 

 

 

Back to top button
Close