Петков за преговорите со С Македонија: Ништо не правиме под притисок

Ништо нема да правиме под притисок, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков, одговарајќи на новвиинарско прашање за тоа дали БУгарија е под меѓународен притисок за да го подигне ветото за Северна Македонија.

„Не станува збор за политички притисок. Целата рамка дека некој не притиска, а ние нешто ќе правиме под притисок – нема да правиме ништо под притисок. Тоа мора да му биде апсолутно јасно на целиот бугарски народ. Тоа што го правиме е да видиме дали бугарските желби и потреби за поддршка на Бугарите во РСМ можат да се гарантираат преку европскиот процес. Ќе оставам на МНР, затоа што тие преговараат токму сега. Прашањето е друго, дали преку европскиот процес може да се гарантира бугарската позиција, а не некој да не притиска за било што – рече Петков, пренесуваат бугарските медиуми.

Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека кога ќе дојде време за тоа, подготвен е да ги пречека властите на Бугарија и Северна Македонија во Париз, со цел склучување билатерален договор кој ќе овозможи отпочнување на преговорите за пристап на земјава во Европската Унија.

 

Back to top button
Close