Петковски: Од оваа операција за ново мнозинство ние излегуваме со пошироко и постабилно мнозинство

Од ова барање за ново парламентарно мнозинство на пат сме да добиеме пошироко и постабилно мнозинство. Сега сме 60-60, бидејќи Беса настапи како што настапи, ама нагостувањата се дека мнозинството сега ќе стане помногубројно, вели Тито Петковски, претседателот на НСДП и поранешен претседател на парламентот.

За „Утрински брифинг“. тој вели дека, ако премиерот Зора Заев рекол дека ја примил пораката од граѓаните на локалните избори, тогаш ќе мора да внесе промени и во кадровскиот состав и во дејствувањето на владиниот кабинет по проширувањето на мнозинството.

Додава дека тие што покренаа иницијатива за уривање на Владата имаа шанса сами да ја раководат и да ја управуваат седницата, бидејќи спикерот Талат Џафери го отстапи своето место на заменикот кој е од редовите на Беса. Тие што побараа расправа и гласање не опстанаа и си заминаа. Не гледам причини за драма и згрозување, вели лидерот на НСДП,

„Во Уставот местото на пратеникот е централно. Тој ги претставува граѓаните, но во Собранието гласа по сопствено убедување“,вели Петковски за потегот на пратеникот Кастриот Реџепи од Беса, оценувајќи дека тука нема простор за создавање драма и згрозенос

 

 

Back to top button
Close