Петличковски: И аспиринот може да предизвика несакани реакции кај мал број луѓе, па масовно се користи

Директорот на институтот за имунобиологија и хумана генетика, д-р Александар Петличковски во вечерашното гостување на ТВ 24 уште еднаш повтори дека вакцината на АстраЗенека е безбедна како и сите други вакцини.

-Доста скпеса владееше. Очекувам како ќе ги гледаме луѓето околу нас вакцинирани, ништо не им фали, вакцините уште повеќе ќе се прифаќаат. Бидејќи, тоа е единствен излез.  Тие случаи со тромбоза се јавуваат на 1 во 500.000 луѓе, што мора да признаеме дека е низок процент. Имам информација дека девојката од Македонија кај која се јави ова, веќе е добра и од денеска е пуштена од болница. Мора да имаме на ум дека ова е една несакана реакција, и да била поврзана со вакцината е една и заврши без последници. Во меѓувреме имаме 40 мртви дневно, овие десетина дена додека траат преписките дали вакцината е безбедна или не, тоа се 400 луѓе, мора подеднакво да се грижиме и за наредните 400. Вакцините сите се безбедни и значително многукратно повеќе бенефитот ги надминува сите ризици. И аспиринот може да предизвика несакани реакции кај мал број на луѓе, да предизвика крварање, па дури и смрт, па сепак многу луѓе го користат, рече Петрличковски.

Back to top button
Close