Петличковски: Се повеќе заразени има од 6 до 14 години. Апелираме родителите да го прифаќаат тестирањето

„Од 6 до 14 години има зголемување на заразата. Во моментот се уште нема простор за загриженост. Треба дословно да се следат протокoлите. Апелираме и до учениците и до родителите да го прифаќаат тестирањето. Отворивме и уште неколку дополнителни пунктови за тестирање“, вели Петличковски.
Тој истакна дека ја анализирале и смртноста од ковид, по што дошле до заклучок дека најголем дел од починатите се невакцинирани.
„Од тука апелираме сите да се вакцинираат и да примаат трета доза. Третата доза штити од хоспитализација и смрт. Слушаме деновиве шарлатански изјави. Вакцинацијата со трета доза е многу потребна за да си помогнеме“, додава Петличковски.
Од Комисијата за заразни болести апелираа дека факултетите треба да почнат со физичко присуство, со оглед на тоа што само тие се уште имаат онлајн настава.