Петличковски: Шансите вакциниран човек да се разболи се мали, а да почине се минимални. Зошто народот не ги прифаќа – не ми е јасно

„Со две дози во Македонија има околу 33% комплетно вакцинирани граѓани. Вакцините функционираат одлично во намалување на шансите за тешка болест. Потврдено е на милиони случаи, потврдено е и кај нас. Околу 90% од починатите кај нас во последните месец два се невакцинирани, овој процент процент е околу 99. Поубедлив доказ од ова – не знам што би било.

Шансите вакциниран човек да се разболи се мали, а шансите вакциниран човек да почине се минимални. Доцна ги добивме вакцините, можеби не бевме подготвени и со презентација на придобивките од вакцините. Вакцините се одлично решение за излез од кризата, зошто народот не ги прифаќа – не ми е јасно. Систематска информираност на населението ни недостасува, за да фатиме чекор со другите земји каде веќе прогласуваат крај на пандемијата“ – вели Александар Петличковски, Институт за имунибиологија во Студио 10 на ТВ24.

Back to top button
Close