Петличковски: Трета доза нема да создаде колективен имунитет – сѐ уште има луѓе кои не примиле ниту една

Директорот на Институтот за имунологија Александар Петличковски вели дека третата доза нема да помогне во зголемување на колективниот имунитет бидејќи сѐ уште има луѓе кои не примиле ниту прва доза. Тој во интервју за Телма рече дека сега треба да се вакцинираат и децата бидејќи, како што вели, поради децата кои одат на уччилиште се создаваат можности за пренос на Ковид-19.

– Бустер дозата, односно третата доза од вакцината против ковид-19, кај нас нема многу да помогне за создавање колективен имунитет, бидејќи има луѓе кои сè уште не примиле ниту прва доза. Сега треба да се вакцинираат и децата, односно населението под 18 години. Ако ги оставиме децата неиумунизирани, а тие одат на училиште, се создаваат можности за пренос на вирусот – рече д-р Петличковски.

Back to top button
Close