Петмина новозаболени од коронавирус во Тиквешко
Пет нови случаи со коронавирус се регистрирани во изминатите 24 часа во Тиквешко. Од нив, два се во Кавадарци, а три во Неготино.
Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје, за МИА изјави дека станува збор за четири жени и еден маж, на возраст од 41 до 73 години.
Тие се со лесна клиничка слика и се на домашно лекување. Тројца од новозаболените претходно имале контакт со позитивен случај на Ковид-19, а двајца кажале дека не знаат како се заразиле.
Се работи на утврдување на нивните контакти, со цел нивна изолација.