Видео: Петмина повредени во сообраќајка на патот Мавровска крстосница – Гостивар, сообраќајот пренасочен по споредните патишта

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар, во која учествувале четири мотоцикли и четири патнички возила.

Како што соопшти МВР, сообраќајката како и бројот на повредени биле пријавени во ОВР Гостивар попладнево во 15:56 часот.

-Сообраќајот на овој магистрален пат е во прекин, а од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар сообраќајот се пренасочува по споредни локални патишта (Прогрес каменолом и Панорама кај Вруток), соопшти Министерството за внатрешни работи.

 

Back to top button
Close