Петмина загинати и 15 повредени во напад со нож во источна Кина

Најмалку пет лица се убиени и 15 повредени во случаен напад со нож попладнево во источната кинеска провинција Анхуи.

Нападот се случил во трговска улица во Анкинг околу четири часот попладне по кинеско време, се вели во соопштението на градската канцеларија за јавна безбедност.

Полицијата го уапси сторителот на местото на настанот и извести дека во моментов го испитува инцидентот.

Центарот за дарување крв на Црвениот крст во Анкинг, по инцидентот, преку социјалната платформа Веибо, итно повика доброволно дарување крв поради „малите залихи“.

Мотивот за нападот засега не е познат.

Back to top button
Close