Петок неработен ден за сите граѓани на Македонија
Петок, 24-мај, денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј е неработен ден за сите граѓани на Македонија, информираат од Министерството за труд и социјална политика.
Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Северна Македонија им го честита празникот „Св.Кирил и Методиј“- Денот на сесловенските просветители.