Петров: Каракачанов е шарлатан кој не заслужува никакво внимание

Каракачанов е обичен шарлатан кој не заслужува никакво внимание, а уште помалку е да ги земаме со сериозност неговите изјави. Треба да водиме сметка дека сегашната бугарска влада покажа поинаков пристап, вели членот на ИО на СДСМ, Андреј Петров за дијалогот меѓу Македонија и Бугарија, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Според него, сега постои желба од Бугарија за пријателство со Македонија.

-Тие сакаат да се одглават од ситуацијата во која што беа. Од малите ситници не треба да правиме големи проблеми. Никој не се плаши сега да го каже името Македонија и да каже дека зборува македонски јазик, кој е признат насекаде низ светот. Кој сака да го прифати тоа, во ред е, кој не сака, ќе мора да живее со тоа. Факт е дека ние сме Македонци, појасни Петров.

Членот на СДСМ потенцира дека не е точна тезата дека премиерот Димитар Ковачевски нема политички легитиметет.

-Тој легитимитетот го добива од Собранието. Слични примери има во Велика Британија, каде што десет премиери не се дикретно избирани на избори“ вели Петров.

Back to top button
Close