Петров: Ние сме за ЕУ, но нема да прифатиме никакви условувања и уцени

Андреј Петров, член на ИО и поранешен пратеник на СДСМ, во емисијата „24 анализа“ рече дека доообјаснувањето на Макрон во врска со пристапните реговори е логично, зошто ако тоа би се случило тоа значи дека ЕУ сама себе си се дискредитира.

– Идејата за заедничка Европа не е на сегашните лидери на ЕУ, таа е голема идеја за заедничка Европа и сега е нелогично кога имаме војна и криза да се дебатира за вредности за кои Европа се решила уште тогаш. Тоа покажува дека тие немаат докрај расчистено со своите ставови. Тоа се однесува на фрустрацијата, на недоволството во ЕУ од можноста да било која од овие нови земји да ги блокира одлуките на големите земји, што се случува со нас. Тоа не треба да не измести од патеката, дека нашата аспирација за ЕУ е нешто што е заедничка определба на сите и треба тој пат да го продолжиме. Мора да се бориме внатре во нашата земја за процесот на декомратизација. Владата и СДСМ немаат намера да прифатат било какви можности нешто понатаму да биде пречка во нашиот интеграциски пат. Ние сме за ЕУ и се ќе направиме да се доближиме до тоа и не се откажуваме од таа идеја, но нема да прифатиме никакви условувања и уцени. – рече Петров.

Back to top button
Close