(Видео) Петрова-Чамова: Со Муцунски се разбираме совршено на бугарски


Недостатокот на политичка волја за исполнување на преземените обврски го попречува напредокот на Македонија кон Европската Унија – изјави министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова-Чамова, објави „БГНЕС“.

Таа нагласи дека договорите не се билатерални, туку европско прашање и сите лидери на ЕУ се категорични дека единствениот пат напред за Скопје е да ги исполни веќе преземените обврски.

„Тажно е да се види дека четири години подоцна, договор постигнат на европско ниво и поддржан со одлука на Собранието на Македонија сè уште не може да се спроведе поради недостаток на политичка волја“, рече таа.

На прашањето дали зад политиката на Скопје стои странско влијание, вклучително и во врска со предупредувањата во најновиот извештај за С. Македонија од страна на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент за опасниот концепт на „српски свет“, министерката одговори:

„Го цитиравте извештајот што зборува во оваа насока. Не е случајно што реков дека станува збор за политичко лидерство. Ако политиката се темели целосно на антитезата, а не на проевропска теза, нормално е да се бара излез од ваквите договори. Не станува збор нужно само за Србија. Во интерес на многу други земји е да има конфликт меѓу земјите од Западен Балкан и земјите-членки на Европската Унија. Таква причинско-последична врска може да се бара на многу нивоа, но конечниот резултат е важен. Политичка волја е потребна кога се прават вакви договори. Ако таа недостасува и е полесно да се изгради политика врз основа на антитезата, тогаш нема да стигнеме многу далеку“.

На прашање зошто претседателката на Македонија Гордана Силјановска-Давкова се двоуми да зборува македонски во Софија, Петрова-Чамова одговори:

„Никогаш не сум се сретнала со неа. Во моите разговори со министерот за надворешни работи (Тимчо Муцунски) зборувам бугарски и се сложуваме одлично“, рече таа.

Видео на следниот линк

Back to top button
Close